Јавна здравствена установа

ЈЗУ ЗД Железничар ќе се приклучи кон Кампањата за машко здравје – ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ

Во самиот Центар, во срцето на градот – постоиме ние
ЈЗУ ЗД Железничар .
Драги наши, во чест на месец Ноември – месец на машкото здравје – Мовембер, ЈЗУ ЗД Железничар ќе се приклучи кон Кампањата за машко здравје – ГРИЖИ СЕ ЗА СЕБЕ , и ќе даде поддршка со бесплатен скрининг на PSA на машката популација над 45 години.
Повелете во деновите 14, 21 и 28 Ноември од 12:00 до 14:00 часот, пред влезот на нашата институција ќе биде поставен пулт за земање крв.
Ве очекуваме !
Затоа што ние се грижиме за Вашето здравје!